Како што беше кажано на промоцијата, целта на реализирањето на програмата е да се овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно работно ангажирање на определено скратено работно време, поради стекнување на одредени вештини  и со можност за стручно оспособување и постепено вклучување на пазарот на труд.

Со проектот ќе бидат ангажирани  десет образовни асистенти и еден личен асистент, кои  на децата со попреченост, кои посетуваат редовна настава, ќе им овозможат дополнителна помош во совладување  на наставната програма и дополнителна помош во движењето низ училиштето.

Проектот ќе го имплементира општина Охрид во соработка со Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи од Охрид и Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Партнери во проектот се и ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Климент Охридски”, ОУ „Братство Единство”  и ОУ „Глигор Прличев”.

OhridNews