Со топла  пригодна свеченост ОУ„Григор Прличев“ и општината Охрид денеска и се заблагодарија на УСАИД за помошта што американска фондација ја даде на ова училиште во рамки на проектот за модернизација на основните училишта во Македонија.


USAID донираше 20.000$ во ОУ „Григор Прличев“

Со помош на УСАИД која донираше 20.000$, локалната самоуправа и родителите, неодамна се изврши замена на половина век старата дрвена дограма со нови алуминиумски прозорци и врати. Со средства на американската фондација комплетно е опремено и едно компјутерско одделение во училиштето.
 
Ова е почеток не една долга соработка истакна Кит Прентон-директор на проектот. На  помошта се заблагодарија директорот на училиштето Сашо Ставрески и градоначалникот Петрески кој апелираше УСАИД во иднина повеќе да ги подржува општините кои несебично вложуваат во подобрување на условите во образованието.Во чест на донаторот учениците од ОУ „Григор Прличев“ изведоа пригодна програма.


Ова е само почеток на соработката – Кит Прентон УСАИД


Благодарност -Александар Петрески


промовиран проектот на УСАИД во ОУ „Григор Прличев“

ohridnews