Со обраќање од страна на градоначалникот на Охрид до присутните гости и со видео-аудио презентација,  беше претставен проектот „Духот на Охрид“ кој во оваа и наредната година треба да помогне во изнаоѓање и афирмирање алтернативни форми на туризам. Проектот ,,Духот на Охрид” кој е финансиран од фондовите на ЕУ преку INTERREG III А програмата и се имплементира помеѓу партнерите Општина Охрид и Општина Пефка од префектурата Солун, Грција.


Градоначалникот Петрески го претставува проектот

На презентацијата во х. „Ривиера“ беше присутен и почесниот конзул на Грција во Македонија кој изрази надеж за добра соработка меѓу Пефка и Охрид, односно двете држави. Претставник од EU (главен финансиер на проектот) на промоцијата беше Дејан Ѓоргоски, близок соработник на евро-амбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.

Проектот предвидува мониторинг на културното наследство со примена на GIS Geografic Information System што беше презентирано од раководителот на ЛЕР, Гоце Симоновски, изработка на програма за подигнување на свеста за културното наследство како и документарен филм „Spirit of Ohrid“ (беше прожектиран премиерно на денешната средба) за културното и природното наследство,  web портал, анкета, електронски весник “Духот на Охрид“ и DVD презентација.

Проектот ќе трае една година, а носители на проектот се Општина Охрид, односно Секторот за Локален еконмски развој ЛЕР (80 насто) и Пефка, Грција. Учество и свој придонес ќе дадат стручњаци од разни области како туризам, авиосообраќај, културно наследство, информатика, медии, новинарство итн.

С. Костоски