Охридските рокери The Backdoor Band го промовираа новиот видеозапис за нивниот последен сингл насловен како Too Many People.
Синглот е резултат на нивната соработка со вокалистот на познатиот дански рок состав Blended Brew, Jimmy Linder Mansson, кој воедно се потпишува и како mix i mastering за истиот сингл. Видеозаписот е сниман на локација во Охрид.
Од бендот изразуваат голема благодарност до сите кои го помогнале во реализирањето на видеозаписот, особено Пеце Настески кој го изработи видеото. За наредниот период, од бендот најавуваат промоција на уште неколку видеозаписи.
OhridNews