Синоќа во Liquid café, oхридската рок група „The Backdoor Band“ официјално го промовира најновиот видео-запис за нивниот нов сингл насловен како „Лоша Навика“.

Видео-записот е снимен на неколку локации низ Охрид и Битола во продукција на Pece Nastevski Photography.

Бендот е формиран пред 3 години, а во истиот членуваат:Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара, Никола Колјушевски – тапани.

Инаку, во изминатиов период охридскиот рок состав снима официјални видео-записи за песните “На задна врата” и “Truck & Roll”.

OhridNews