Видео записот е снимен низ охридските улици во продукција на Pece Nastevski Photography & Videography, додека за звукот се погрижи Зоран Кречо.
Од бендот велат дека се задоволни со промоцијата и поддршката која ја добиваат од публиката, а за скоро време го најавуваат својот деби албум.
Инаку, бендот е формиран пред повеќе од 2 години, а во него членуваат: Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара и Никола Колјушевски – тапани.