Денеска беше промовиран локалниот акционен младински план, којшто беше резултат на осуммесечната работа на повеќе од стотина луѓе од невладини организации, институции и организации, вклучени по разни основи.


„Во овој документ којшто е прв од ваков вид во Р. Македонија, усвоен од советот на општина Охрид се предводевеме од осумте приоритети на националната стратегија на млади на РМ, проектот помина низ неколку фази, по што се формира координативно тело“,изјави претседателот на Младински совет, Димче Каневче.


Каневче нагласи дека најголемиот дел од активностите произлегле од резултатите на спроведеното масовно анкетирање, во кое 1200 млади од Охрид ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот.


„Локалната самоуправа како и одделението за превенција при СВР-Охрид, како што и најавија, презедоа дел од активностите во своите програми. Набрзо се очекува да започне реализацијата на ЛАМП – Охрид, подвлече Каневче, потсетувајќи дека ист проект веќе е подготвен за младите во Струга, што ќе биде промовиран во текот на идната седмица.

ohridnews