Во рамки на  кампањата за прибирање на средства за реализација на програмските активности од локалните компании, Младинскиот Совет Охрид синоќа го промовираше  Клубот на пријатели. На коктелот  што се одржа во х. Тино, присуствуваа претставници на компании кои донираа средства или материјални добра за реализација на програмите на Младинскиот Совет, градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, Александар Петрески и Љупчо Којчиноски, како и претставници на  невладини организации, фондации и други гости.  Организаторите им се заблагодарија на компаниите кои донираа средства за реализиација на програмските цели на оваа невладина организација и најавија дека истите ќе бидат рационално искористени за помагање на болните деца во коснозглобната болница, како и за реализација на други проекти од интерес на младите во Охрид…



Промовиран Клубот на пријатели на Младинскиот Совет

ohridnews