До промена на местото на настапот на Леб и Сол доаѓа поради лошите временски услови и најавата дека вечерва над Охрид ќе биде врнежливо. Леб и Сол инаку настапуваат во рамки на офф програмата на фестивалот Охридско лето. Концертот во Центарот за култура започнува во 22 часот.
Претходно од 21 ч. во катедралната црква Св. Софија ќе настапи Ана Виницкаја, пијано, Русија, победник на натпреварот Чајковски.