Меѓурелигиска конференција Охрид 2007 година
Зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“ ги содржи искажувањата на учесниците на конференцијата за меѓурелигиски дијалог. Во него се поместени импресиите од оваа средба и размислувањата за одговорноста на цивилизациите пред идните поколенија. Во рамки на промоцијата беше прикажан и документарниот филм „Посакуван мир“ .
На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, претставници на владата, на дипломатскиот кор, лидери и претставници на верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, членови на Меѓународниот комитет основан за време на одржувањето на конференцијата во Охрид, како и директорот на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција Енгелберт Руоз.