Познатиот охридски поп пејач Ѓоко Танески денеска ќе го промовира својот втор албум насловен како „Никогаш доста“.

Промоцијата на албумот ќе се одржи во ресторанот „Билјанини извори. Танески на албумот соработуваше со Пере и Франц од „Нокаут“, Весна Малинова и Влатко Илиевски.

Насловната тема од албумот веќе се врти по радиостаниците, а во најава е и изработка на видео спот.

Ohridnews