Втората стихозбирка на младата поетеса Елизабета Велјаноска, „Боите на љубовта“ , ќе биде промовирана денеска во 19ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Промоцијата покрај културен ќе има и хуманитарен карактер. Средствата кои ќе бидат собрани од продажба на стихозбирката на промоцијата, ќе бидат наменети за 15 најталентирани деца од ОМУ „Методи Патче“ кои наредната недела ќе настапат на државното музичко првенство во Скопје.
„Боите на љубовбта“ е втора збирка поезија на младата студентка Елизабета Велјаноска. Во 2006 година таа ја издаде својата прва стихизбирка „Пукнатина на местото на срцето“.
Промоцијата на стихозбирката на Елизабета Велјаноска ја потпомогна охридскиот Црвен крст.
Г. Момироски