Графичката новела „Витези од соседството“ на сценаристот Јордан Коцевски и илустраторот Дарко Богданов, ќе биде промовирана денеска во 19:00 часот, во изложбениот салон на центарот за клутура „Григор Прличев“ во Охрид.
 
„Витези од соседството“ е стрип со урбана содржина, кој главните личности ги става во неочекувани ситуации. „Витезите“ се обични млади луѓе кои се обидуваат да го донесат соседството во стариот сјај, исчистен од проституција и дилери. 
 
Покрај во Охрид, промоции на стрипот ќе бидат одржани и во домот на култура во Виница на 24.02.2016 со почеток во 19:00, и Скопје во Кафе Ли во 20:00.
 
OhridNews