Со планинарска тура што ја организираат членовите на планинарското друштво „Магаро“ до месноста Стара Галичица, денеска ќе биде промовирана Спасувачката станица на Галичица.

Како што веќе информиравме, спасувачката станица ќе ја опслужува добро обучен специјален тим на спасувачи-планинари на Црвениот крат, кој ќе има за цел да им помага на сите кои ќе се најдат во неволја на планината Галичица.

Станицата за спасување ќе биде лоцирана на „Стара Галичица“ во непосредна на асфалтниот пат. Единицата за спасување ќе ја сочинуваат добро обучени планинари кои за време на викендите ќе бидат присутни на планината Галичица, а преку недела ќе се дејствува на повик преку СОС телфон кој ќе биде отворен во Црвениот крст.

Од Црвениот крст велат дека целта на отворањето на спасувачката станица е во функција на безбедноста на посетителите на Галичица, како прв чекор кон поголема туристичка промоција на ретките природни убавини на овој планински масив.

ohridnews