Утре на 22-ри април со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовиран романот за деца и млади „Новиот ден“ од авторот Смиле Наумоски – Брсјак.

За романот ќе говорат: Бранко Цветкоски, Д-р Мерсиха Исмајлоска и Стојан Тарапуза.

Истиот ден веднаш по промоцијата на овој роман, Библиотеката ќе и додели Благодарница на  Назмије Денкоски за нејзиниот вложен труд  и професионалните заложби во изработка на новата Веб страна на Библиотеката.

OhridNews