Во Прличевата одаја при охридската библиотека „Григор Прличев“, утре, со почеток во 20 часот, ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева, добитник на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија за најдобро прозно остварување во 2016.

Воведниот збор ќе го одржи Славе Ѓорго Димоски, а промотор на романот ќе биде проф.д-р Кристина Николовска.

OhridNews