По повод месецот на книгата – октомври, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец организира промоција на новиот роман на охридската прозаистка Евда Попоска, која зачекори во магијата на книжевниот збор уште во 1992 година со својот прв роман „Филомена“.

Романот ќе биде прмовиран од страна на професор д-р Пере Аслимоски и проф. д-р Драган Јанкоски, денеска, 27-ми октомври, во 17 часот, во просториите на училиштето.


Поканата е отворена за сите љубители на убавиот збор кои сакаат да ја слушнат приказната посветена на еден редок човечки вид во општството, човекољубците, поконкретно човекољубците од Горно Лескоец меѓу кои блеснува името на проф. д-р Јордан Спасески, основоположникот на Факултетот за безбедност во Охрид, вели авторот.

-Инспирацијата за оваа книга ми е секогаш моето родно место Лескоец. Но во оваа прилика ме инспирираше една личност, човек кој што многу придонесол за државата македонска. Имено се работи за проф. д-р Јордан Спасески  директор на Факултетот за безбедност, и да речам, поконкретно кој го основал Факултетот за безбедност во Македонија. Но, покрај него сакав уште еднаш да се навратам на убавините, љубовта и емоциите што ме врзуваат за тој крај и на Белио – врвот на еден огранок од Галичица што се надвиснува над Лескоец, над населбата и таа населба ја чини уште поубава и помистична’’ истакна пистаелката Евда Попоска.