Проектот ,,Духот на Охрид” кој е финансиран од фондовите на ЕУ преку INTERREGIIIА програмата и се имплементира помеѓу партнерите Општина Охрид и Општина Певка – (од Префектурата Солун), денеска ќе биде презентиран пред јавноста.
Целта на овој проект е унапредување на алтернативните форми на туризам преку
заедничка промоција, размена на искуства кои се однесуваат на зачувување, реставрација и
управување со културното наследство, поддржувајки ги активностите за нови билатерални и
регионални партнерства.
Проектот предвидува мониторинг на кулното наследство со примена на GIS (Geografic Information System),, и изработка на програма за подигнување на свеста за културното наследство. Исто така во рамките на проектот ќе бидат изработени и Документарен филм за културното и природното наследство, web портал, Електронски весник “Духот на Охрид“ и DVD презентација.
ohridnews