На прес конференција во Скопје денеска дирекцијата на фестивалот “Охридско лето“ ќе ја информира јавноста за подготовките на 47 издание на најзначајната културна манифестација во земјава.
Деталите ќе ги соопштат директорот на Фестивалот Тони Симоноски, и селекторите Гордана Јосифовска Неделковска и актерот Ѓорѓи Јолески.
Фестивалот Охридско лето оваа година се соочува со серизони проблеми. Покрај наследените долгови, најголемиот проблем е обезбедувањето квалитетни уметнички имиња бидејќи организацијата околу годинешниот фестивал доцнеше.
И покрај ова, од фестивалската управа се оптимисти дека и оваа година на “Охридско лето“ ќе настапат врвни музички имиња и театри и дека фестивалот ќе го задржи високото реноме. Традиционално фестивалот свечено ќе биде отворен на 12 јули на Античкиот театар, а затворањето е на 20 август.