Проектот се реализира со поддршка на минисрерството за култура. Претставување на македонското богато творештво од охридскиот крај ќе имаат писателите Смиле Наумовси и Тоде Илиевски. Како роднокрајни писатели, нивното творештво ќе биде промовирано од директорот на Центарот за култура, Драгана Боцеска.
Ова е прва соработка на Центарот за култура од Охрид со КИЦ на Македонија во Софија, Бугарија. Овој проект ги презентира македонските литературни вредности, а посебно оние од охридскиот крај, надвор од границите на Македонија.