Во куќата на Робевци вечерва (19ч.) ќе биде промовирана најновата книга на м-р Сашо Герасимоски „Охридската средновековна уметност-социолошка студија“. Организатор на промоцијата и издавач на книгата е Заводот и музеј на град Охрид, а промотори на книгата се проф. д-р Пере Аслимоски-проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола“ и почитуваниот проф. д-р Димитар Пандев. Рецензенти на книгата се проф. д-р Антоанела Петковска и проф. д-р Иван Џепаровски, а лектор на книгата е г-ѓа Лилјана Пандева.
Книгата Охридската средновековна уметност го обработува прашањето на односот на општеството и охридската средновековна уметност, односно, го опфака проучувањето на влијанието на опстествените фактори врз охридската средновековна уметност. Во книгата е обработена и необично големата поврзаност на општествениот статус и улогата на охридскиот средновековен уметник и неговата уметничка дејност.
Книгата Охридската средновековна уметност-социолошка студија претставува прва синтетичка социолошка студија за охридската средновековна уметност и е плод на повеќегодишна интензивна научно-истражувачка работа на авторот.