Во Центарот за вработување во Охрид денес  ќе се одржи презентација на ново-дизајнираниот веб портал на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Овој веб портал ќе ги следи и применува принципите на пазарната економија и на корисниците ќе им обезбедува информации поврзани со активностите на Агенцијата за вработување. Овие информации се однесуваат на услугите кои Агенцијата ги обезбедува, како објавување на нови работни места, можности за обуки и преквалификување, можности за самовработување и за започнување бизнис.

Оваа иницијатива е преземена со поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за Меѓународен Развој (УСАИД), дел од Мисијата на САД во Македонија.

Новиот веб портал ќе биде проследен со информативна кампања со цел да се подигне јавната свест за новите услуги кои ги нуди Агенцијата.Новиот веб портал е дел од напорите на Агенцијата за вработување за подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу работодавачите и невработените.

Ианку американскиот народ, преку УСАИД има инвестирано повеќе од 450 милиони американски долари во Македонија од 1993 година. Преку 25 проекти вредни повеќе од 25 милиони американски долари годишно се во фаза на имплементација во моментов.