Oхридскиот панк – рок бенд „Комунална хигиена“, вечерва, ќе го претставиновиот музички албум насловен како „Вино & Oi!“.
Промоцијата на цд-то, кое соддржи пет музички записи, ќе се одржи во „Irish Pub Balaban“.
-Како големи љубители на виното кое ни дава неисцрпна инспирација за творење, настанот го „темпиравме“ за празникот кога традиционално се зарежуваат лозјата, Св. Трифун. Добредојдени се сите наши другари, пријатели и познаници, односно вљубеници во панк-рокот! – велат дечките од „Комунална хигиена“.
Албумот наскоро ќе биде достапен онлајн, а сите подржувачи на македонската андерграунд сцена ќе имаат можност да набават хард-копија од албумот по цена од 100 денари.
OhridNews