Со свирка во живо, шампањ и дружење во опуштена атмосфера, охридсиот џез музичар, Владимир Василески-Четкар, синоќа во дискотеката „Парк“ го промовираше новиот албум, „We Will Never End“.
Четкар го промовираше новиот албум во Охрид
Од седумте теми на албумот, шест се нови, а седмата е бонус трака на неговиот популарен хит „Oceane of love“. Од нив, четири се вокални теми, а две инструментални, каде Четкар се јавува како гитарист. Една тема е посветена на Охрид и се вика „The magic hill od Lihnid“, што би значело Лихнидскиот магичен рид.
Владимир Василески – Четкар
„Пораката што преку албумот сакам да им ја пренесам на слушателите е содржана во насловот. За нас ќе нема крај ја симболизира бесмртноста со што ја величам позитивната енергија, љубовта и ентузијазмот што ни се случуваат во животот,на што сакам да им дадам вечност и на кои им го посветувам моето најново творештво“, вели Четкар.
Светската промоција албумот ја имаше на Ministri Of Sound Radio London и BFBS Radio 1 во Англија.
топла атмосфера во дискотеката Парк
На промоцијата на , „We Will Never End“ во дискотеката „Парк“ присуствуваа голем број обожаватели на музиката на Четкар, пријатели и познати лица од јавниот и политичкиот живот на Охрид.
На промоцијата присуствуваа голем број познати личности од градот
Г. Момироски