Познатиот охридски автор, социолог и истражувач на минатото во Охрид, д-р Никола Бошале денеска ќе ја промовира најновата книга со наслов “Куќа по мерка на човекот”.
Промотори се Тања Паскали Бунташеска, директорка на Заводот и музеј од Охрид и професор доктор Пере Аслимоски. Лилјана Мартинова ќе интерпретира фрагменти од книгата на Бошале.
Промоцијата што се одржува во чест на 7 Ноември е закажана во 12 часот и 30 минути во Центарот за култура “Григор Прличев”.
Ohridnews