Утревечер во хотелот „Славија Спектар“, ќе биде промовиран „LIONS“ клубот Охрид.
На свеченоста рецитал ќе одржи актерот Славко Нинов, а во забавниот дел ќе настапат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, ансамблите „Отекс“ и „Деспина“, а ќе биде одржана и модна ревија на „Мак Џинс“
Гала вечерта по повод промоцијата на локалниот „Lions“ клуб ќе заврши со ноќно крстарење со бродот „Александрија“.