Концептот за образование на возрасните, проект на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, ќе биде промовиран на семинарот што денеска ќе се одржи во  Охрид.

На семминарот чиј домаќин е ЕСА Охрид, за важноста на проектот ќе говорат економски експерти од областа на претприемаштвото, професори и претставници на надлежни институции.

Концептот на образование на возрасните е проект кој преку прекфалификација треба да придонесе за намалување на невработеноста во Македонија. Во земјава над 30% од работоспособното население е невработено, а голем дел од нeго има образование кое не е барано на пазарот на труд.

ohridnews