Издавач на овој исклучителен обработен архивски документ од 15 век е Државниот архив на Република Македонија. Сам посебе документот сведочи за судбината на семејството Охризаде кое потекнува од Охрид. Како семејна гордост преписот од вакафнамето пишувано на арапски јазик го поседувал Бекир Иљаз Синан од Охрид кој го предал во Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид.
На денешната промоција на книгата, се очекува да присуствуваат и потомци на семејството Охризаде кои сега живеат во Турција и Холандија.
За книгата ќе зборуваат проф. Д- р Драги Ѓорѓиев, проф. Д- р Стојан Ристески и Илинка Јанева.