На 9ти декември (сабота) со почеток во 17:00 часот во градската библиотека во Охрид ќе се одржи промоцијата на книгата првенец на охриѓанката Вера Митеска – „Охридската фамилија Мишеви“.

Се работи за збирка раскази, анекдоти и случки кои што авторката ги има собрано во текот на последните 15 години за фамилијата Мишеви и нивните сродни фамилии.

Збирката открива детали за тоа како изгледал животот во Охрид кон крајот на 19тиот век и почетокот на 20тиот. Oва мало патешествие во минатото открива многу за културното миле и социоекономскиот живот во градот.

OhridNews