Утре, во Прличевата одаја во охридската библиотека „Григор Прличев“, со почеток во 18 часот, ќе биде промовирана стихозбирката “Вдах“ од авторот Борче Панов. Издавач на книгата е Матица Македонска.
Покрај „ Вдах“ Панов има објавено повеќе поетски книги и алтернативни драмски текстови. Неговата поезија е објавена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија, во неколку меѓународни антологии(Манила- Филипини во 2012 година, Украина во 2013 година), како и во повеќе електронски списанија, библиотеки и сајтови на поезија. Поезијата му е преведувана на англиски, германски,француски, шпански, украински, бугарски, словенечки,хрватски и српски јазик. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија.
Борче Панов потекнува од Радовиш, а е член на Друштвото на Писатели на Македонија од 1998 година.
OhridNews