Во петок во просториите на КИЦ „Култура 365“ со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоција на најновата книга од охридскиот автор Мишо Јузмески, насловена како „Сто години копнеж“.

Книгата е збирка раскази во кои се вткаени приказни од секојдневието што на повеќе начини можат да прикажат различни емотивни состојби, но и силна желба за да се променат негативните чувства.

Инаку, делото е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, а уредник на книгата е м-р Лидија Размоска

OhridNews