Утре, со почеток во 10 часот, во малата сала на општина Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа, ќе се одржи промоција на книгата „ Поговорки, изреки и стереотипни споредби од Македонија“ на Проф. Д-р. Јорданка Фулон – Христова.

Оваа книга е четврта по ред од оваа авторка која е поранешен професор во охридската Гимназија каде предавала Француски јазик во периодот од 1955 – 1956 година. Јорданка Фулон е долгогодишен раководител  на Катедрата за источни јазици и цивилизации преку која веќе 35 години го промовира македонскиот јазик.



Книгата деновиве се појави низ книжарниците во сите франкофонски земји и во неа се собрани над 7.300 македонски народни мудрости пренесувани усно од колено на колено, дадени во оригинал и преведени на француски јазик, а проследени со споредби со слични мудрости од другите европски народи.

OhridNews