Во среда, 10-ти септември, во КИЦ „Култура 365“ ќе биде промовирана збирката раскази „Патеки на животот“ од авторот Наум Трајчески.

Оваа книга претставува одличен избор за читателите кои сакаат да побегнат од сопствената реалност и притоа да бидат водени низ темните животни приказни кои, во оваа книга, не можат да бидат сменети, бидејќи тие се менуваат само под светлината на љубовта.“ –  вели м-р Лидија Размоска во предговорот кон книгата.

Издавач на книгата е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а за фотографиите и графкичкото обликување се погрижија Лидија Размоска и Мишо Јузмески.

Инаку, Наум Трајчески е роден во с. Издеглавје, охридско, во 1952 година. Од 1977 година живее во Австралија. Својата прва книга, стихозбирката „Дебарца по туѓина“, ја издава во 1992 година, а во 2012 година и втората со наслов „Секојдневие“. Третата книга „Грст мудрости“ ја има издадено во 2013 година.

Промоцијата е со почеток од 20 часот.

OhridNews