Вечерва во 20 часот во КИЦ „Култура 365“ ќе биде промовирана збирката раскази „Патеки на животот“ од авторот Наум Трајчески.
Издавач на книгата е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а за фотографиите и графичкото обликување се погрижијаЛидија Размоска и Мишо Јузмески.
Наум Трајчески е роден во с. Издеглавје, охридско, во 1952 година. Од 1977 година живее во Австралија. Својата прва книга, стихозбирката „Дебарца по туѓина“, ја издава во 1992 година, а во 2012 година и втората со наслов „Секојдневие“. Третата книга „Грст мудрости“ ја има издадено во 2013 година.
OhridNews