Збирката раскази „Нова приказна“ на струшката авторка Мерсиха Исмајлоска ќе биде промовирана вечерва во кафе книжарница „Магор“ во Скопје. Промотори на ова дело ќе бидат м-р Александра Јуруковска и Петко Шипинкароски, а извадоци од делото ќе читаат Нола Исмајлоска и Елида Бахтијароска.
Мерсиха Исмајлоска е родена во Струга. Магистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
Својата окупација со проблемот на книжевното и визуелното ја пренесува и во работата со студентите на Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, каде работи во моментов.
Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други собири од областа на културата, науката и уметноста.
OhridNews