Во сабота во хотел „Дрим“-Струга во 12:00 часот ќе се одржи промоција на книгата  Македоноиди и „етнички“ Торбеши од проф.д-р Драган Јанкоски.

Проф. д-р Драган Јанкоски е роден 4.10.1940 година во Вевчани. Живее во Охрид.
      
Покрај научното звање-доктор на науки и наставното- редовен универзитетски професор (Универзитет „Св. Климент Охридски“, и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“), носител е и на највисокото стручно-самостоен педагошки советник и професионално- особено истакнат педагошки работник.
      
Преку 40 години се занимава со истражувачка, стручно-научна, публицистичка дејност. Автор и раководител на на голем број значајни студии и проекти од педагошката, воспитно-образовната и системско-организационата институционална дејност.
      
Книгата  Македоноиди и „етнички“ Торбеши е негов прв труд од оваа област, кој целосно е во функција на збогатување на сознанијата во областа на демографските движења на Балканот и пошироко.
      
Добитник е на повеќе високи европски и светски награди, признанија и одликувања.

OhridNews