Во понеделник на 7-ми септември 2015 година во Центарот за култра „Григор Прличев во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Лидија од Филипи првопокрстената Македонка“ од авторот Ангелина Маркус.

Според најавите, промоцијата ќе се одржи во Изложбениот салон со почеток во 13 часот.

Ангелина Маркус е македонски автор, историчар и професор по филозофија. Во своите дела Маркус пишува за античката и средновековната историја на македонскиот народ и тие често имаат патриотски карактер.

 

OhridNews