Во четврток на 14-ти јули 2016 година со почеток во 20 часот во Куќата на Робевци ќе се одржи промоција на книгата „Хотелски стории“ на авторот Снежана Липковска.

Липковска е родена и живее во Скопје. Таа е поранешен спикер и новинар, една од најпознатите тв-лица на „Тв Скопје“, односно МТВ. Добитник е на повеќе награди помеѓу кои најзначајнa е @Европската награда за новинарство# во Италија.

Покрај богатата кариера на телевизиските екрани, авторот се занимава и со документаристика. Добитник е на „Гранд При“ за документарен филм, а воедно ја добива титулата „Витез на Франција“ во областа на култура и уметност. Нејзините документарни филлмови се прикажувани во Русија, Јапонија и Италија.

„Хотелски Стории“ е прва книга напишана од авторот, содржана од новелита базирани врз вистински случки и вистински хотели.

OhridNews