Утре во просториите на Охридската Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата „Бруклин“ од авторката Дамјана Видическа.
Оваа книга е трето дело на Видическа. Пред тоа таа ги има издадено книгите „Мојата фамилија“ објавена во 2009 година и „Седумте желби“ објавена во 2011-та година.
Почетокот на промоцијата на најновиот роман е во 13 часот и 30 минути.
OhridNews