На светскиот ден на екологијата 5-ти јуни, во просториите на Центарот за Култура „Григор Прличев” во Охрид, ќе биде промовирана книгата “Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување” од Лазо Наумоски, дипломиран инжинер агроном и независен екологист.

Во книгата која има пет поглавја, акцентот е ставен на состојбата со рибниот фонд на пастрмка во Охридското Езеро и причините за уништувањето на овој ендемичен вид риба.

Промоцијата започнува во 18 часот.

OhridNews