Книгата “Општо христијански култни светци во Македонија” од доктор Михајло Георгиевски ќе биде промовирана пред охридската јавност денеска во Националната установа -Бибиотека „Григор Прличев“.
Промотори ќе бидат професор доктор Ацо Гировски, декан на Богословскиот факултет во Скопје и професор доктор Илија Велев, научен советник во Институтот за македонска литература во Скопје.
Книгата е во издание на „ Макавеј“ а во неа е даден научен преглед и опис на педесет култни светци од христијанството кои не се родени во Македонија но имаат светителски култ во кај нас.
зад Михајло Георгиевски стои и монографија посветена на македонските светци, родени на територијата на етничка Македонија.
Денешната промоција во Охрид ја организираат Библиотеката „Григор Прличев “ и издавачката куќа „Макавеј“.
Ohridnews