Во куќата на Ѓура Јакшиќ, на Скадарлија, Белград, утре вечер, ќе се  одржи промоција на новата книга на Славе ЃОРЃО Димоски „Поле. Бојно поле?“.  Изборот од поезијата на Ѓорѓо Димоски е објавен во популарното џепно издание “Мала книга„ на издавачката куќа „Граматик“ од Белград. За книгата ќе зборуваат познатиот српски поет Душко Новаковбиќ и Миљурко Вукадиновиќ. Преводот е направен од група преведувачи.

Оваа е осма книга на авторот објавена на странски јазик, а втора книга на српски јазик. Уште минатата година, на Саемот на книгата во Белград беше најавено ова издание, а беа претставени и пробните примероци.

– Посебна чест е местото на промоцијата, куќата на Ѓура Јакишиќ, во која промоции имале истакнати светски поети, вели авторот.

Други книги на С.Ѓ. Димоски објавени се на англиски, руски, турски, азерски,бугарски, француски јазик.

Автор е на девет книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи итн.

OhridNews