“Допри ја природата, почувствувај ја традицијата“ е мотото под кое општините од Југозападниот плански регион  ќе се промовираат денес, на плоштадот Македонија во Скопје. 

Нa настанот  кој ќе започне во 17 часот, свое преставување ќе имаат општините: Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Центар Жупа, Другово, Вранешница, Пласница, Кичево, Зајас, Осломеј, Македонски Брод и Дебар.

Oва e дел од манифестацијата  ,,Промотивни денови на планските региони“ под слоганот ,,Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“, што ја организира ЗЕЛС заедно со осумте центри за развој на планските региони, со МЛС и со Секретаријатот за европски прашања.

Овој начин на презентација на Планските региони, има за цел да ги презентира економските, културните, традиционалните и туристичките потенцијали на општините кои егзистираат во нив.

OhridNews