Вечерва во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на „Избрани дела“ од истакнатиот писател, есеист и поет Тодор Чаловски.
         
Во петте тома (Поезија, критики, есеи, преводи и препеви, книжевни разговори и толкувања)  се толкува книжевно дело на писателот, кое според бројот на прилозите и обемот на текстовите, првенствено е фокусирано врз поезијата, но и на некои други жанровски домени.

За неговата творечка преокупација ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а избор поезија ќе читаат Пере Ристески и Валентина Кузманоска.

OhridNews