Утре напладне во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на шесте тома „Избрани дела“ од македонски поет и литературен критичар Бранко Цветкоски. Избраните дела претставуваат пресек на неговото 40-годишно плодно книжевно творештво.

Бранко Цветкоски е роден е на 21 јуни 1954 година во охридското село Слатино. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во рамки на своето богато работно искуство работел како новинар во весникот „Нова Македонија“, а исто така бил главен уредник на книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писатели на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, главен уредник на списанието „Стремеж“ од Прилеп и еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“.

Цветкоски е основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје. Тој е член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, а во моментов е директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

OhridNews