Збирка во десет тома составена од творештвото на македонскиот поет, есеист и преведувач, академик Гане Тодоровски денеска ќе биде промовирана во Охрид.

Збирката е составена од десет тома во кои што се поместени поезија, препеви, есеи и критики напишани од перото на Тодоровски во периодот од неговото шест децениско творештво.

Промоцијата што ја организираат  Општина Охрид и Манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“,  ќе се одржи во големата сала на општината со почеток во 18.30 часот.

За литературниот опус на  Тодоровски ќе говори д-р Кристина Николоска, а стихови од делата на овој наш истакнат поет и писател  ќе презентира Славко Нинов.

ohridnews