Утре на 28-ми април 2016 година во популарниот клуб „Перото“ при Националниот дворец на културата во Софија, ќе се одржи промоција на новиот превод на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик „Последните ракописи“.
Станува збор за обемен поетски пресек кој ги опфаќа сите развојни фази на поетот. Преводот е на Роман Кисјов, кој се смета за најдобар преведувач на македонската поезија на бугарски јазик и досека има преведено повеќе македонски поети, меѓу кои Ацо Шопов, Анте Поповски, Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников и др. Книгата ја објави издавачката куќа „Смол Стејшенс Прес“, а е поддржана од мрежата „Традуки“.
Во бугарската критика за поезијата на Ѓорѓо се вели: „Карактеистиките на неговата пезија се: имплицитноста, иконичните знаци, херменвтиката, полисемантичноста, обземеноста, а пред се врвниот артизам на стихот“.
Поетот во Софија ќе го претстават Цветанка Еленкова, издавачот на книгата, Владимир Левчев, поет и Рома Кисјов.
Оваа е втора книга од Славе Ѓорѓо Димоски на буграски јазик, а на други јазици има објавено 15 книги. Негови песни и поетски циклуси се преведени на над триесет јазици.
Познатата белградска куќа „Архипелаг“ деновиве ќе ја објави книгата „Јазичен триптихон“ која ја доби годишната награда „Ацо Шопов“.
OhridNews