Рекреативната “Франкофонска“ патеката што неодмна започна да ја гради НП Галичица денеска ќе биде официјално промивирана пред јавноста. Патеката има вкупна должина од 6.3 км. и се протега во Националниот Парк Галичица. Патеката почнува кај Студенчишта, поминува низ с.Рамне и завршува над с.Велгошти.


Франкофонската патека во НП Галичица

Со изградбата на рекреативната патека во подножјето на Галичица ќе се збогати понудата во екотуризмот и ќе се добие една поинаква можност за нови естетски доживувања на просторот, велат од Националниот парк Галичица.