Фестивалот Охридско лето на 31 мај беше претставен во престижната Дипломатска академија во Виена-Австрија.
На презентацијата, како што ексклузивно пренесува ohridnews, присуствуваа над 150 високи гости од културниот, политичкиот и јавниот живот на Австрија, како и министерот за култура на Р. Македонија, Арифхитмет Џемаили, амбасадорката на земјава во Виена, Весна Борозан, градонаалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко, и директорот на фестивалот Тони Симоноски.
Воведен збор имаше амбасадорот за култура и шеф на секцијата за култура ИДМ (Институтот на Дунавската област и средна Европа) при министерството на култура на Р.Австрија господинот Бриџ Емил, по што на присутните им се обрати амбасадорката на Р. Македонија, д-р.Весна Борозан.
На промоцијата во Виена, Македонија била претставена како земја богата со културни богатства, а Охрид како град на културата и големиот фестивал Охридско лето. Како што било најавено во Виена на отварањето на 47-то Охридско лето на покана на шефот на македонската држава, Бранко Црвенковски ќе присуствува претседателот на Австија д-р Хајнз Фишер.
на промоцијата настапи пијанистката Елена Мисиркова
Пред домаќините од Австрија обраќање имаше и градоначалникот на Охрид Петрески кој ги претстави туристичките можности на градот, а директорот на фестивалот Симоноски ја престави програмата на Охридско лето. Беше прожектииран пропаганден филм за Охрид и фестивалот Охридско лето, а промоцијата заврши со коктел на кој гостите вкусија македонски вина и храна.
На промоцијата ХОТАМ и агенцијата “Македонија Рајзен“ од Виена промовираа заеднички пропаганден матерјал за еднодневни и повеќедневни аранжмани за Охрид и други градови во Македонија за кои што присутните пројавијиле голем интерес.
Г.М.