Во организација на Локалната самоуправа, ЗЕЛС (Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа) и УНДП (Програмата за Развој на Обединетите Нации), денеска со почеток во 11 часот, во големата сала на зградата на Општината, ќе се промовира „Етичкиот кодекс на Локалните функционери“. Кодексот е изготвен од страна на експерти на УНДП и ЗЕЛС а денешната промоција ќе биде за општините Охрид, Струга, Ресен и Белчишта. На промоцијата воведен збор ќе има Фатмир Муса,претставник на УНДП-Македонија а за содржината на Кодексот ќе зборува експертот Зоран Јачев. Свои излагања на промоцијата ќе имаат и градоначалниците на четирите општини: Александар Петрески, Рамиз Мерко, Димитар Бузлески и Љупчо Којчиноски а ќе биде направен и осврт на тема „Етиката како вредност во општеството и локалната самоуправа“ .
Промоцијата на Етичкиот Кодекс е настан од јавен карактер и на него ќе присуствуваат претседатели и членови на Советите на општините, претставници на НВО, Месните и Урбаните заедници, медиумите и други асоцијации и институции како и заинтересирани граѓани. Присутните ќе можат да учествуваат во дискусијата што ќе се води на крајот на промоцијата.
ohridnews